Украинската Главна разузнавачка управа (ГУР) и Специјалните операции изведоа координирани напади врз две клучни руски железнички линии – Орел-Курск и Санкт Петербург-Псков – со цел да ја нарушат логистиката на Кремљ.

Во експлозија во регионот Орел, при обид за деминирање на пругата Малоархангељск-Глазуновка, загинале двајца припадници на Руската гарда, а трет останал без нозе. Поради тоа бил запрен федералниот железнички сообраќај, а повеќе од 15 возови каснеле.

Вториот напад се случил ноќта на 14 септември, кога на пругата Санкт Петербург-Псков бил дигнат во воздух воз – локомотивата излетала од шините, а уништени биле 15 цистерни со гориво.

Од ГУР нагласуваат дека овие линии се од стратешко значење за снабдување на руските сили кај Харков и Суми и дека уништувањето ќе предизвика сериозни логистички проблеми за Москва.

Текстот (Видео) Украинците потврдија напад: Срушени руски железници, загинати гардисти е превземен од МАКФАКС.