ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавите на СДСМ за загадувањето и управувањето со отпадот, обвинувајќи ја опозициската партија дека додека била на власт не понудила никакви решенија.

„Срамно е СДС да зборува за чист воздух. Тие ќе останат запаметени по тоа што наместо да се фатат за работа, организираа протести, а меѓу нив беа и тогашни министри и заменици министри,“ стои во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ потсети дека во 2017 година протестите за чист воздух ги поддржувале и тогашните кандидати за градоначалници на СДСМ, а поранешниот премиер Зоран Заев ветил решавање на проблемот со Вардариште – ветување што не било исполнето.

Во реакцијата се спомнува и актуелната кандидатка за градоначалник на Скопје, Каја Шукова, која доаѓа од Министерството за животна средина, со критика дека не понудила решенија за клучните еколошки проблеми.

„Надлежните сектори се на терен и работат на санирање на проблемот со отпадот. ВМРО-ДПМНЕ тековно работи на решавање на проблемите на граѓаните, но децениски проблеми не можат да се решат преку ноќ,“ наведуваат од партијата.

Текстот „Не може децениски проблеми да се решат преку ноќ“ – ВМРО реагира на обвинувањата за загадувањето и отпадот е превземен од МАКФАКС.