Градоначалникот Горан Герасимовски и македонската музичарка Викторија Лоба ги покануваат сите граѓани кои викендов ќе бидат во Скопје да дојдат на големиот музички хепенинг што ќе се одржи во Паркот на Франкофонија. На овој музички хепенинг којшто ќе биде бесплатен за сите граѓани ќе настапат едни од најпознатите македонски изведувачи Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова, Барбара Поповиќ и групата „2 Бона“.
Музичарката Викторија Лоба истакнува дека концертот „Нешто што ќе остане“ ќе биде вистинска магија со многу музика, емоции и прекрасно друштво.
„Ја имам таа чест на 13 Септември да ве поканам во Паркот на франкофонија, во традиционална организација на Општина Центар, када ве чека голем концерт кој ќе биде вистинска магија и нешто што ќе остане. Со многу музика, емоции и прекрасно друштво под отворено небо ќе создадеме моменти кои ќе останат во нашите срца. Ве очекувам во Парк на франкофонија“, вели Лоба.
Герасимовски потенцира дека концертот веќе прерасна во традиција која ги обединува граѓаните.
„Ова е трет пат како ја организираме оваа манифестација и секој пат Паркот на Франкофонија е исполнет со прекрасна енергија, со скопјани, но и со гости од целата држава. Ве поканувам заедно да уживаме во добра музика и позитивна атмосфера, да создадеме убави спомени и да покажеме дека Центар знае да биде вистинска општина на културата“, истакнува Герасимовски.
Текстот Герасимовски и Викторија Лоба: Утре во Паркот на Франкофија музички хепенинг со најпознатите македонски музичари е превземен од МАКФАКС.