Актерката Миријам Марголис отворено зборуваше за своето неочекувано пријателство со Леонардо Ди Каприо за време на снимањето на филмот Ромео и Јулија.

Таа ѝ раскажа на колумнистката на Дејли мејл, Брајони Гордон, како со холивудската ѕвезда поминувале часови купувајќи заедно на пазарите во Мексико Сити, каде што носењето фустани од страна на ДиКаприо довело до збунетост.

Марголис го пофали неговиот извонреден актерски талент и единствен начин на гледање на светот, потсетувајќи се дека го запознала кога имал само 21 година.

Во подкастот The Life of Bryony, зборуваше за својата кариера и ја промовираше автобиографската книга The Little Book of Miriam.

„Мислев дека Леонардо Ди Каприо е геј. Носеше фустан и, не знам, имав чувство дека сакаше коментар. Мислам дека му годи кога луѓето зборуваат за него“, изјави актерката.

„Бевме во Мексико Сити и одевме на шопинг. На сетот реков дека сакам да одам на пазар, а Лео ме праша дали може да оди со мене. Дојде во фустан – не знам зошто носеше фустан, тоа треба него да го прашате. Се сеќавам дека беше летен фустан, беше жешко тој ден“, додаде таа.

„Му реков: ‘Мислам дека си геј.’ Тој ми одговори: ‘Не сум, не сум.’ Јас инсистирав: ‘Мислам дека ќе сфатиш дека си, грешиш.’ Сепак, тој не е геј. Мојот геј-радар тогаш згреши“, изјави Марголис.

Таа со насмевка се присети на соработката со младиот Ди Каприо, опишувајќи го како навистина фин човек.

Во познатата адаптација на Ромео и Јулија на Лурман од 1996 година, таа ја играше дадилката.

„Беше многу драг, одличен актер и супер партнер за шопинг. Многу го засакав. Ми се допаѓаше начинот на кој гледаше на животот, а во филмот беше фантастичен“, истакна актерката.

Текстот Леонардо Ди Каприо се шеташе на пазар во фустан, откри актерката Миријам Марголис е превземен од МАКФАКС.