Портпаролот на руското претседателство, Дмитриј Песков, денес изјави дека раководството на ЕУ и НАТО секојдневно ја обвинува Русија за провокации, најчесто без да се обиде да изнесе какви било аргументи.

Песков го кажа ова пред новинарите, одговарајќи на прашање дали НАТО и ЕУ ја обвинуваат Русија за провокации со беспилотни летала во Полска, пренесува РИА Новости.

Полскиот премиер Доналд Туск тврди дека опасните беспилотни летала соборени над Полска биле руски, но, според руската агенција, тој не доставил никакви докази за ова.

Како што изјави за РИА Новости вршителот на должноста руски амбасадор Андреј Ордаш, Полска не доставила докази за наводното руско потекло на беспилотните летала соборени над нејзина територија.

Фото: принтскрин

Текстот Песков: ЕУ и НАТО ја обвинуваат Русија секој ден без докази е превземен од МАКФАКС.