Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз соседна Украина.

„Распоредено е оружје и службите активно работат на лоцирање на соборените објекти“, соопшти Полската оперативна команда. Додаде дека е во тек воена операција и ги повика жителите да останат во своите домови.

„Полските и сојузничките авиони дејствуваат во нашиот воздушен простор, додека копнените системи за воздушна одбрана и радарско извидување се на највисоко ниво на тревога“, наведе Оперативната команда на полските вооружени сили.

Полска е членка на НАТО, трансатлантскиот одбранбен пакт во кој учествуваат САД, кој го применува принципот дека нападот врз еден е напад врз сите.

Текстот Дронови влегоа во полскиот воздушен простор, Полјаците ги соборија е превземен од МАКФАКС.