Израел синоќа изврши воздушни напади на периферијата на централниот сириски град Хомс, крајбрежниот град Латакија и историскиот град Палмира, објавија сириските медиуми блиски до владата. Израел не ги коментираше нападите.
Сириското Министерство за надворешни работи ги осуди нападите како „јасно кршење на сирискиот суверенитет и закана за регионалната стабилност“ и рече дека тие се продолжение на серијата израелски напади на сириска територија.
Israeli air raids on air defense battalion & weapon warehouses in Shanshar, countryside of Homs, Syria. pic.twitter.com/3DGAXogZO5
— Mats Nilsson (@mazzenilsson) September 9, 2025
Сириските медиуми објавија снимки од нападите, но не известија за нивниот обем или последици.
Израел со години спроведува воздушни напади, уништувајќи значителен дел од воената инфраструктура на Сирија, а тие се интензивираа од почетокот на израелската војна во Газа. Израел и Сирија неодамна учествуваа во разговори со посредство на САД за деескалација на конфликтот во јужна Сирија.
фото: принтскрин
Текстот (Видео) Сириски медиуми: Израел продолжува со воздушните напади, загрозувајќи ја регионалната стабилност е превземен од МАКФАКС.