Стотици актери, режисери и работници во филмската индустрија, вклучувајќи ѕвезди како Тилда Свинтон, Оливија Колман, Марк Рафало и Сузан Сарандон, повикаа на бојкот на израелските филмски институции поради војната во Газа.

Петицијата на филмските работници, објавена вчера и потпишана од повеќе од 1.800 луѓе, ја повикува филмската индустрија да не „прикажува филмови, да не се појавува во филмови или на друг начин да соработува со израелските филмски институции“ за кои тврди дека се „вклучени во геноцид и апартхејд против палестинскиот народ“.

Примерите за соучество, се вели во петицијата, вклучуваат „прикривање или оправдување на геноцид и апартхејд и/или партнерство со владата што ги извршува“. Потписниците рекоа дека во ова време на криза, „кога многу од нашите влади го овозможуваат масакрот во Газа, мора да направиме сè што можеме за да се справиме со соучеството“ во овој „хорор“.

Некои филмски компании не се вклучени во тоа, се вели во петицијата.
Меѓу потписниците се Јоргос Лантимос, Ема Стоун, Ава Дувернеј, Хавиер Бардем и Риз Ахмед. Петицијата конкретно ги споменува израелските јавни и приватни телевизиски станици како институции со кои филмските работници повеќе не треба да соработуваат или да ги прикажуваат своите филмови, обвинувајќи ги за прикривање, негирање и оправдување на воените злосторства.

Друго обвинување е дека огромното мнозинство израелски кина и филмски продуцентски компании никогаш не се залагале за „правата на палестинскиот народ“. Сепак, во петицијата се забележува дека има некои филмски компании кои не се вклучени.

фото: принтскрин

Текстот Познати актери и режисери потпишаа петиција за бојкот на израелската филмска индустрија е превземен од МАКФАКС.