Кога телевизиска серија „Волшебното самарче” се емитувала на малите екрани сите нејзини верни гледачи денешниот познат актер и шоумен Игор Џамбазов го познавале како малиот Трајче.
Трајче во серијата е неразделен од неговиот коњ Дорчо со кој секојдневно оди во шумата и собира дрва, кои ги продава, за да се прехрани себеси и да и помогне на својата мајка.
Во серијата глумат и неговата мајка актерката Анче Џамбазова и неговиот дедо Петре Прличко.
Подоцна во серијата Трајче и Дорчо стануваат главните тајни курири кои носат писма и пратки со кои им помагаат на партизаните.
По 46 години Игор повторно се сретнува со еден „Дорчо“, кој исто така носи нешто, а по тој повод актерот се присети на неговата прва голема улога и напиша:
„После 46 години повторна средба на Игор и Дорчо. Дорчо денес е сериозен коњ со сериозна работа… а, ние уметниците си останавме уметници”.
Оваа средба Илина Арсова ја објави на својот инстаграм – профил.