Вчера вечер во 20:25 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 46-годишниот О.С. од Сојузна Република Германија.
При гранични проверки и контрола во возилото кое го управувал биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Текстот Германец фатен со дрога на Табановце: во неговото возило пронајдени пакувања со марихуана е превземен од МАКФАКС.