Популарната актерка Деми Мур се појави на „Модната недела“ во Париз и ја отвори виртуелната ревија на модната куќа „Фенди“ за колекцијата пролет-лето.

Деми на ревијата носеше јакна која ги откриваше нејзините рамена, панталони. како и обетки од дизајнерката Ким Џонс.

Profimedia

Сепак, она што сите го забележаа и ги остави збунети не беше нејзината модна комбинација, туку  нејзиното лице, кое беше неверојатно изменето.

Profimedia

Најголемо внимание кај јавноста привлекоа нејзините неприродно обликувани и големи јаболчници кои направија и долниот дел од лицето на популарната актерка да изгледа необично.

По фотографиите кои се појавија и ја разбрануваа јавноста, многумина се запрашаа дали ова е знак дека актерката мора да го промени пластичниот хирург. Многу естетски хирурзи по ревијата изјавија дека очигледно Деми претерала со хијалуронски филери и лифтингот на лицето.

Но, само еден ден по виртуелното шоу, Деми гостуваше во онлајн-емисијата на Наоми Кемпбел ‘No Filter with Naomi’ и изгледаше сосема природно.

Деми Мур реши да ја прекине тишината и да ги спаси нејзините фанови од недоумиците и дилемите со објавата на Инстаграм.

Глумицата објави фотографија со маска за лице алудирајќи на тоа дека тајната на нејзиниот младешки изглед е во негата на кожата и во опис напиша: Подготовка на лицето пред шоу.

И пред виртуелната ревија Деми објави фотографија без шминка снимена непосредно пред ревијата заедно со моделите Кејт Мос, Кристи Тарлингтон и дизајнерот Ким Џонс, на кои изгледа сосема природно.