Четврта година по ред општина Аеродром им доделува таблет уреди на учениците од четврто одделение заради полесен пристап до нови знаења, информации и поквалитетен воспитно – образовен процес.
На доделувањето на таблет уредите во основното училиште „Блаже Конески“ денес заедно со градоначалникот Дејан Митески беше и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која изрази задоволство што овој проект има континуитет и посака да продолжи и во иднина.
„Ова е одличен начин да им се овозможи на сите ученици еднаков пристап до современа информатичка технологија, пристап до онлајн извори на информации и бази на знаења. Сметам дека е особено важна мерка за поддршка за семејствата со пониски примања, кои можеби не можат да си дозволат и да им набават на своите деца ИТ уреди, а секако, ниту еден родител не сака неговото дете во тој поглед да биде различно од другите“, рече Јаневска.
Годинава, Митески нформираше дека се доделуваат таблети на 915 ученици во вредност од 6,5 милиони денари.
Текстот Општина Аеродром им додели таблети на учениците од четврто одделение е превземен од МАКФАКС.