Најмалку илјада луѓе загинаа во катастрофално лизгање на земјиштето во оддалечените планини Мара во западен Судан, соопшти бунтовничката група Суданско ослободително движење/армија (SLM/A), објави Би-би-си Њуз.
Денови поројни дождови го предизвикаа лизгањето на земјиштето во неделата, за кое групата рече дека оставил само еден преживеан и „срамнило со земја“ голем дел од селото Тарасин.
Движењето, кое ја контролира погодената област, упати итен апел за хуманитарна помош до Обединетите нации и други регионални и меѓународни организации.
Регионот на планините Мара стана засолниште за многу жители на државата Северен Дарфур кои беа принудени да ги напуштат своите домови поради борбите меѓу суданската армија и паравоените сили за брза поддршка (RSF).
фото: принтскрин
Текстот Ненадејно лизгање на земјиштето во Судан, повеќе од илјада мртви е превземен од МАКФАКС.