Британскиот министер за вакцини, Надим Захаваи, изјави дека во моментов постојат околу 4.000 варијанти на корона вирусот ширум светот.
Захаваи додава дека постои „библиотека“ со мутации на корона вирусот за да се обезбеди Велика Британија да биде подготвена да одговори со ажурирани вакцини.
Во моментов има околу 4.000 варијанти на Ковид низ целиот свет. Сите производители – „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“, „Оксфорд/АстраЗенека“ и други – гледаат како можат да ја подобрат вакцината за да бидат сигурни дека сме подготвени за секоја варијанта. Имаме најголема индустрија за секвенционирање на геном – имаме околу 50 проценти од светската индустрија за секвенционирање на геном – и чуваме библиотека со сите варијанти за да бидеме подготвени да можеме да одговориме, без разлика дали на есен или потоа, на секој предизвик кој вирусот може да го покаже, и да се произведе следната вакцина за да можеме секогаш да го заштитиме Обединетото Кралство и секако и остатокот од светот – истакна Захаваи.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.