Денеска (28.08.2025) околу 00:10 часот во СВР Велес, е пријавено дека на локалниот пат с.Горно Чичево-с.Долно Чичево, општина Градско, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки управувано од П.А.(22) од Градско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговите сопатници Љ.О.(21), Б.П.(20) сите од Градско и Х.Л.(22) од с.Ногаевци, општина Градско, констатирани во Општата болница Велес.
Од здобиените повреди починал Љ.О., а од страна на лекар констатирана била смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Текстот 21-годишно момче загина а две лица се тешко повредени во сообраќајка кај Градско е превземен од МАКФАКС.