Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, вели дека коалицијата „Вреди“ ги има добиено анкетите, во кои, како што нагласува, јасно се гледа дека разликата меѓу него и нивниот кандидат изнесува 10 %.

„И сега се во паника. Затоа се обидуваат да отвораат прашања за кои граѓаните вообичаено нив ги обвинуваат дека се корумпирани и дека 20 години на најкоруптивен начин ја воделе општината“, изјави Османи.

Османи потсети дека уште пред да заврши самитот на ОБСЕ лично ја доставил целата документација до релевантните институции.

„Јас лично ја доставив целата документација во Државната комисија за спречување на корупцијата и во Обвинителството. ДКСК, по неколку недели, излезе со констатација дека нема никакви неправилности. И Јавното обвинителство потврди дека нема неправилности. Ниту имало ревизија на ОБСЕ, туку на ‘Борис Трајковски’, и тоа во врска со тоа како тие ја прифатиле опремата“, појасни Османи.

Истакна дека неговиот најголем политички капитал останува неговиот кредибилитет: „Ако има нешто по што јас се разликувам, тоа е фактот дека никој, во целата моја политичка кариера, не може да ме обвини за корупција. Тоа е мојот најголем капитал во политиката, политичкиот интегритет и човечкиот кредибилитет“, истакнува Османи.

Текстот Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за самитот на ОБСЕ, каде што е сѐ чисто, вели Османи е превземен од МАКФАКС.