Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше Јужна Кореја, велејќи дека земјата се „чисти“, неколку часа пред средбата со јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг во Вашингтон подоцна денес.

Трамп изјави на социјалните мрежи дека ситуацијата во Јужна Кореја „изгледа како чистка или револуција“ и дека САД не можат да го дозволат тоа, ниту да работат во таа земја, објавува Ројтерс.

Ли ја презеде функцијата во јуни по предвремените избори откако неговиот конзервативен претходник, Џун Сок Џеол, беше соборен поради обидот за воведување воена состојба во декември.

Вашингтон претходно го пофали Џун за неговиот цврст став кон Северна Кореја, додека Трамп претходно ја критикуваше Јужна Кореја, обвинувајќи ја за злоупотреба на американската воена заштита.

Економијата на Јужна Кореја во голема мера се потпира на САД, а Вашингтон ја гарантира безбедноста на Сеул со војници и нуклеарно одвраќање, додека Ли се надева дека ќе ја избалансира соработката со Вашингтон и Пекинг, соопшти агенцијата.

Поддржувачите на поранешниот претседател Џун се надеваа дека Трамп ќе интервенира во она што го нарекуваат комунистички прогон на поранешниот претседател, кој е на суд за поттикнување бунт, додека неговата сопруга се соочува со можни обвиненија за корупција и мито.

Канцеларијата на претседателот на Јужна Кореја им соопшти на локалните медиуми дека го истражуваат случајот, а јужнокорејскиот министер за правда оцени дека Трамп има „погрешни информации“ за либералната влада во Сеул.

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека неговата администрација ќе продолжи да склучува договори како што е неодамнешното аквизиција на удел во компанијата за производство на чипови „Интел“, бидејќи верува дека тие носат повеќе пари и работни места во Соединетите Американски Држави.

„Ќе работам вакви работи за нашата земја секој ден“, рече Трамп на социјалните мрежи, додавајќи дека „глупавите луѓе“ се незадоволни од аранжманот, кој, нагласи тој, ги прави САД „сè побогати и побогати“.

Економскиот советник на Белата куќа, Кевин Хесет, денес изјави дека овој потег е дел од поширока стратегија за воспоставување американски суверен фонд за богатство, моделиран според суверените фондови за богатство што ги користат земји како Норвешка, Кина и неколку земји на Блискиот Исток.

„Убеден сум дека ќе има повеќе трансакции, ако не во оваа индустрија, тогаш во други“, рече Хесет во интервју за CNN.

Белата куќа во петокот објави дека владата во Вашингтон превззела 10 проценти од акциите во „Интел“, по цена од околу 8,9 милијарди долари. Дел од финансирањето доаѓа од Законот за чипови, додека остатокот ќе биде покриен од други федерални програми поврзани со производство на безбедни полупроводници.

Фото: принтскрин

Текстот Трамп: Ситуацијата во Јужна Кореја изгледа како револуција е превземен од МАКФАКС.