На територијата на Македонија имаше вкупно седум пожари на отворен простор, од кои два се активни, два се под контрола и изгаснати се три пожари, информира Центарот за управување со кризи.

Активни се еден пожар во Општина Долнени, во село Долгаец каде гори мешана шума и еден пожар на влезот на Крушево каде гори депонија.

Под контрола е пожарот во Јасен, и еден пожар на планината Кожуф каде гори висока шума.

Изгаснати се пожари во Општина Штип: с. Судик (стрниште); Општина Дебар: с. Елевци (ниска вегетација) и во Општина Куманово: нас. Гоце Делчев (ниска вегетација).

Текстот Седум пожари денеска во Македонија, три се изгаснати е превземен од МАКФАКС.