Актерката Дакота Џонсон е позната како дама која обожава да се облекува секси, а да не зборуваме за ризични модни комбинации.
Сепак, таа неодамна го шокираше светот избирајќи фустан кој е многу сличен на еден предмет што често го користиме во нашите домови.
Имено, Дакота присуствуваше на премиерата на филмот Splitsville, а фустанот привлече внимание, секако. Познатата убавица одлучи да носи сребрена креација од модната марка „Гучи“.
Макси фустанот има отворени рамена и специфична металик нијанса. Фустанот предизвика поплава од коментари, а многу корисници дури го споредија и со алуминиумска фолија.
Коментари како: „Изгледа како тортиља завиткана во фолија“, „Каква е ова фолија од фустан?“, „Изгледа убаво дури и во фолија“, „Изгледа како алуминиумска фолија“, беа забележливи на социјалните мрежи.
Што се однесува до остатокот од нејзиниот стајлинг, таа се одлучи за природни нијанси на шминка, дискретни додатоци и брановидна фризура што ѝ паѓаше по грбот.
фото: принтскрин
Текстот (Фото) Обожавателите и се потсмеваа на прекрасната бринета: „Изгледа како алуминиумска фолија“ е превземен од МАКФАКС.