ВМРО-ДПМНЕ го прашува Апасиев од Левица дали ќе побара оставка од Мециновиќ сега кога се кандндира за градоначалник?
„Дали Апасиев ќе побара од Мециновиќ да си поднесе оставка од пратеник сега кога се кандидираше за градоначалник, како што бараше претходно? Очекуваме Апасиев да остане доследен до себе и да побара Мециновиќ да си поднесе оставка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата пренесуваат изјава на Апасиев во која вели дека пратениците кои се кандидирале за градоначалници треба да поднесат оставка.
Партијата Левица денеска соопшти дека нејзин кандидат за градоначалник на Скопје ќе биде пратеникот Амар Мециновиќ.
Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев да остане доследен до себе и да побара Мециновиќ да си поднесе оставка е превземен од МАКФАКС.