Македонија ќе добие нов граничен премин „Пуљевац“ со Република Грција, потврди градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, во интервју за КУРИР.

Во разговорот, Јанчев откри детали од својата изборна програма за престојните локални избори, истакнувајќи што досега е реализирано и што планира да им понуди на кавадарчани доколку добие нов мандат.

„Со отворањето на граничниот премин ‘Пуљевац’ ќе се овозможи нова поврзаност со Република Грција, што ќе значи дополнителни економски и туристички придобивки за регионот,“ нагласи Јанчев.

Што е сработено и какви нови проекти се најавуваат за идниот период, може да се проследи во целото интервју во видеото овде.