Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва ќе се обрати и ќе го отвори 64. издание на Струшките вечери на поезијата, коешто се одржува под нејзино покровителство.

Во рамките на свеченото отворање на фестивалот ќе бидат одржани „Поетските меридијани“, коишто ќе започнат со претставување на добитникот на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата за 2025 година, словачкиот поет Иван Штрпка.

На Меѓународното поетско читање на првата фестивалска вечер ќе настапат добитничката на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024 година – Катица Ќулавкова, годинашниот добитник на наградата за најдобра поетска збирка на поет-дебитант од светот „Мостови на Струга“ – Матеуш Шимчик, како и 20 еминентни поети од 17 земји.

Манифестацијата ќе започне во 20:30 часот во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Текстот Сиљановска-Давкова ќе ги отвори 64. Струшки вечери на поезијата е превземен од МАКФАКС.