Државната изборна комисија (ДИК) денеска не го усвои упатството за пополнување на образец за кандидатски листи за членови на советите на општините и Градот Скопје. Причината е барањето на членката Дитмире Шеху одлуката да се донесе консензусно, повикувајќи се на Изборниот законик кој тоа го дозволува кога станува збор за интереси на немнозинските заедници.

Шеху посочи дека бројот на советници се утврдува со Законот за локална самоуправа, а не со одлука на Владата, која во конкретниот случај го намалила нивниот број врз основа на пописот и поделбата на населението на резидентно и нерезидентно.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, потсети дека на локалните избори во 2021 година слично упатство било донесено врз основа на владина одлука од 2004 година. Сепак, по барањето на Шеху, упатството беше ставено на гласање како предлог и доби пет гласа „за“ и два „против“, но не и потребниот консензус.

Според законот, Шеху има право писмено да се обрати до правната служба на ДИК, која во определен рок ќе даде мислење. Дури потоа комисијата ќе може повторно да ја разгледува оваа точка.

На истата 130. седница, ДИК усвои повеќе одлуки поврзани со подготовката на претстојните локални избори, меѓу кои и упатство за набљудување на изборниот процес