Безживотно тело е пронајдено денес околу 11 часот наутро во зградата на финскиот парламент, а според релевантните локални медиуми, станува збор за тело на пратеник кој извршил самоубиство, но се уште не го објавуваат неговиот идентитет.

Полицијата не ги потврди наводите дека станува збор за пратеник, но објави дека засега нема сомнение за кривично дело.

Повикот до полицијата пристигна во 11:06 часот наутро.

Шефот на обезбедувањето на Парламентот, Аро Тоивонен, рече дека имало смртен случај во зградата на парламентот, но дека на властите е да дадат дополнителни информации за случајот.

Еден од пратениците рече дека не знае многу за случајот.

„Немам никакви подетални информации. Тоа е навистина тажна работа, за што многу ми е жал“, рече пратеникот Јука Копра.

Копра додаде дека претпоставува дека парламентот ќе даде официјално соопштение кога тоа ќе биде можно.

Во овој момент, во зградата на парламентот има голем број полицајци, а надвор беа видени неколку возила за итни случаи.

Текстот Пратеник најден мртов во парламентот во Финска е превземен од МАКФАКС.