Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска, денеска ќе даде исказ во Јавното обвинителство во врска со кривична пријава поднесена против неа.
Ивановска не ја прифатила понудата на надлежната обвинителка распитот да се одложи за по локалните избори, доколку давањето исказ го чувствува како форма на притисок.
Засега не е познато на што конкретно се однесува пријавата, ниту кој ја поднел. Од Обвинителството информираат дека станува збор за приватна кривична пријава поднесена на 18 февруари, по која „се преземаат дејствија за да се проверат наводите“.
Минатата недела, пак, граѓанските иницијативи од платформата „Независни заедно“ ја претставија Ивановска како независна кандидатка за градоначалничка на Општина Центар.