Мадона пристигна во Италија со својот партнер Акем Морис, кој е 38 години помлад од неа. Покрај него, таа беше придружувана од група мажи кои ја чуваа од потенцијални напаѓачи.

Додека шеташе по улиците на Фиренца, многумина беа изненадени од нејзиното забавено движење. За дневната прошетка, таа одлучи да носи долг, широк син фустан, а на својот стил додаде и големи очила и шапка за да го „заштити“ својот идентитет.

Сепак, таа не успеа во тоа, а јавноста веднаш ја препозна и забележа едно нешто – Мадона одеше со малку згрбавена поза, држејќи се за своето помладо момче.

Коментарите на социјалните мрежи беа немилосрдни:

„Внукот оди рака под рака со баба“, „Од Мадона до мојата баба – за момент“, „Мислев дека ја видов кралицата Елизабета за момент“, „Ова е доказ дека премногу вежбање боли, изгледа многу постара од своите години“, „Оди како стара жена, сигурно е во неволја“, „Изгледаш како да имаш 87, а не 67 години“, беа некои од коментарите.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) Мадона се прошета во Италија со своето 38 години помладо момче: „Внукот оди рака под рака со баба“ е превземен од МАКФАКС.