Францускиот претседател Емануел Макрон и финскиот претседател Александар Стаб потврдија дека утре ќе бидат во Вашингтон на состанок меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп.
Потврдено е дека ќе им се придружи и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
Претходно беше објавено дека на состанокот ќе се приклучат германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџа Мелони и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Текстот И Макрон оди во Вашингтон со Зеленски, потврдено и пристигнувањето на шефот на НАТО и Мерц е превземен од МАКФАКС.