Викторија Черети (27), девојката на Леонардо Дикаприо, повторно привлече внимание со објавување на нови фотографии на Инстаграм. На една од нив, таа позираше топлес, покрај базен со пијалок во рака.

Италијанската манекенка ја врза косата во едноставна пунџа, а на своите следбеници, кои бројат речиси два милиони, им покажа низа други фотографии од летните денови: од одмори на јахта до вечерни излегувања во елегантни комбинации. Во описот на албумот, таа кратко напиша: „Пронајдете ме на сонце“.

Додека ужива во сонцето, Виторија го поминува летото во друштво на познатиот актер. Во јуни, двојката беше меѓу гостите на гламурозната свадба на Џеф Безос и Лорен Санчез, а потоа уживаа на јахта во Сен Тропе. Иако се заедно малку повеќе од една година, тие веќе неколку пати предизвикаа гласини за свршувачка, но блиски извори тврдат дека сè уште нема прстен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vittoria Ceretti (@vittoria)

ДиКаприо, кој наполни 50 години во ноември, неодамна даде ретко интервју за својот приватен живот. Во интервју за Esquire UK, тој призна дека откако наполни педесет години, повеќе нема време за губење.

„Сакам да бидам поискрен и не мислам дека има смисла да се губи време. Подобро би ризикувал врската да се распадне отколку да се преправам или да молчам“, рече тој.

Холивудскиот актер, кој често беше критикуван за неговите врски со многу помлади девојки, кои наводно ги напуштал кога наполниле 25 години, додаде дека сега сака да биде подиректен.

„Тоа е и одговорност, имам повеќе живот зад мене отколку пред мене, па затоа морам да кажам што мислам“, додаде тој.

ДиКаприо претходно ги полнеше таблоидите со своите љубовни врски, од петгодишната романса со Жизел Бундхен, преку Бар Рафаели, до Камила Мороне, со која раскина во 2022 година, еден месец откако таа наполни 25 години.

Неговата нова партнерка, Виторија, е една од најбараните модели денес. Тие за прв пат беа видени заедно во август 2023 година.

Виторија претходно беше во брак со италијанскиот диџеј Матео Милери, но бракот заврши во 2023 година.

Текстот Девојката на Леонардо Дикаприо позираше топлес е превземен од МАКФАКС.