Десетици луѓе беа повредени во земјотрес со магнитуда од 6,0 степени што го погоди централниот Сулавеси во Индонезија рано утрово.

Земјотресот, на длабочина од 10 километри, го погоди регионот Посо и беше почувствуван во блиските области. Дваесет и девет лица беа повредени, од кои две критично, според соопштението за медиумите.

Засега нема извештаи за смртни случаи.

Индонезија се наоѓа на таканаречениот „Тихоокеански огнен прстен“, високо сеизмички активна зона, каде што се среќаваат различни плочи на Земјината кора и создаваат голем број земјотреси.

Текстот (Видео) Силен земјотрес ја погоди Индонезија, десетици повредени е превземен од МАКФАКС.