Вчера во 19:20 часот на автопатот „Пријателство“, кај клучката за село Прдејци, полициски службеници од ПСГН „Богородица“ ја лишија од слобода М.П.(39) од Скопје, затоа што во патничко моторно возило „шкода октавија“ со скопски регистарски таблички, кое таа го управувала, биле пронајдени шест лица мигранти од Египет.
Претходно полициските службеници во с. Богородица забележале дека во возилото влегуваат мигранти и по преземени мерки, возилото е сопрено, а скопјанката што го управувала е лишена од слобода и по документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираа од полицијата.
Мигрантите се пренесени во Прифатно транзитниот центар „Винојуг“-Гевгелија.
Текстот Жена шверцувала мигранти со автомобил е превземен од МАКФАКС.