На 13 август 2025 година, околу 11:10 часот, на крстосницата од магистралниот пат Битола – Ресен, кај местото викано „Макази“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С. (74) од Скопје, и патничко возило „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.К. (65) од Канада.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од „Хјундаи“-от, С.С. (71) од Скопје, додека со телесни повреди се здобил возачот Ѓ.С. Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Битола.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Ресен.

Текстот Teшко повредена жена во сообраќајна несреќа на патот кај Ресен е превземен од МАКФАКС.