Според податоците на Националниот статистички институт на Бугарија, во второто тримесечје од 2025 година бруто домашниот производ (БДП) на земјата е зголемен за 3,1% во споредба со истото тримесечје лани и за 0,7% во однос на првото тримесечје од 2025 година, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.

Бруто додадената вредност бележи раст од 2,5% на годишно ниво. Бруто формирањето на основен капитал е зголемено за 6,7%, додека финалната потрошувачка е зголемена за 6,5% споредено со второто тримесечје од 2024 година. Извозот и увозот на стоки и услуги се намалиле за 4,9% и 0,6% соодветно.

На квартално ниво, БДП пораснал за 0,7%, а бруто додадената вредност за 0,6%. Експресните проценки покажуваат дека овој раст е поттикнат од зголемувањето на финалната потрошувачка за 0,9% и на извозот на стоки за 0,6% во однос на првото тримесечје.

Во номинален израз, БДП во второто тромесечје од 2025 година изнесува 51,691.7 милиони лева, а реализираната додадена вредност достигнува 44,850.4 милиони лева. Финалната потрошувачка учествува со 80,0% во структурата на БДП, што во вредност изнесува 41,329.0 милиони лева. Бруто капиталното формирање е 9,896.6 милиони лева или 19,1% од БДП, а трговското салдо е позитивно.