Состојбата со пожарот во ловиштето Јасен е променлива, и во моментот не е воспоставена контрола, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

„Пожарот во ловиштето Јасен на едно место ни избегна од контрола иако цело утро истуравме тони и тони вода“, рече Ангелов.

Во прилог на видеото, директорот посочи дека повторно во еден дел може да се забележи силно разгорување, преку патот каде што преминал огнот.

Дополнителен проблем е и ветрот кој за сето време засилено дува.

Премиерот, Христијан Мицкоски, претходно денес соопшти дека пожарот најверојатно, според сведочењата на очевидците, бил разгорен по удар од гром./Макфакс

Текстот (Видео) Повторно излезе од контрола пожарот во Јасен е превземен од МАКФАКС.