„СДС е синоним за партиски вработувања по државни институции. Само за почеток може да се набројат десетици партиски вработувања, односно синови, ќерки, роднини, братучеди на функционери на СДС и ДУИ“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Ветон Кадри, син на пратеничката Шпреса Кадри; Антонио Кочовски зет на тогаш првиот човек на СДС од Охрид, Лазе Танески, роднина на екс-министерот Горан Сугарески.

Партиски вработувања на СДС и ДУИ и нивни блиски роднини се: за претседател на УО на М-НАВ беше поставен Николче Тасески, зет на екс-министерката Рената Дескоска.

Таму е вработен и синот на Стевчо Јакимовски, вработена е и братучетка на екс-министерката Јагода Шахпаска од СДС. Со СДС и ДУИ, М-НАВ беше претворена во дувло за партиски и роднински вработувања, зад коишто стои партискиот бандитизам.

Исто така Бујар Османи си ја вработи сестрата, Артан Груби- снаата; Ејуп Алими (експратеник на ДУИ) – две снаи и син; Беким Незири (притворен како предводник на групата тепачи) – внук.

Дополнително, да се потсетиме и на овие вработувања. Илјо Стојчевски – сопруг на пратеничката Мира Стојчевска, вработен во Шумска полиција – Делчево, Виктор Стојчевски – син на пратеничката Мира Стојчевска, вработен во ЕЛЕМ, Цветан Велевски – брат на пратеничката Мира Стојчевска, вработен во РЕК Битола, Бесија Џафери – ќерка на Талат Цафери, вработена во ЕЛЕМ, Надица Делкова – сопруга на градоначалникот на Општина Неготино Тони Делков, вработена во ООУ „Гоце Делчев“ – Долно Дисан, Кристијан Мисовски – син на пратеникот Горан Мисовски, вработен во Агенцијата за супервизија и осигурување, Фанија Костадинова – мајка на пратеникот Костадин Костадинов, вработена во ЦРМ – Струмица, Влора Бектеши – сестра на министерот за економија Крешник Бектеши, вработена во МЕПСО, Лила Пежевска – сопруга на градоначалникот на Општина Берово Звонко Пежевски, вработена во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“, Марија Јосифовска – сестра на пратеникот Александар Кирацовски, вработена во ЦРМ, Борче Поповски – дедо на Александар Кирацовски, вработен во Фабрика за опрема и делови ФОД ДООЕЛ Новаци, АД ЕЛЕМ Скопје, Мери Поповска – баба на Александар Кирацовски, вработена во ДУД Мирка Гинова, Стојче Георгиев – син на пратеничката Милева Георгиева, вработен во МВР, Мерсида Рамчиловиќ – сопруга на пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, вработена во МВР, Цвете Станојкоска – внука на градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски, вработена во Општина Прилеп, Љубислава Несторовски – сопруга на Магдалена Несторовска, вработена во ЕЛЕМ.

Исто така, да потсетиме дека во нивно време, за да се влезе на работа во министерството за одбрана, по социјални мрежи СДС повикуваше дека прво мора да поминат во општинскиот штаб и таму да се пријават за да влезат на конкурс и да добијат вработување.

Да не заборавиме дека минатата година пред формирање на техничката влада, СДС и ДУИ пуштија 2200 вработувања предизборно, сакајќи да направат изборен поткуп.

Затоа, пред СДС да „отвори уста’’ нека размисли дали има кредибилитет да говори. М-НАВ функционира професионално, се работи исклучиво по стандарди и прописи“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот „Дали Филипче соопштенијата ги пишува од јахтата на Заев или навистина го мисли тоа што го пренесува СДС“, прашува ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.