Најмалку 20 лица загинаа, а десетици се повредени кога камион што превезувал хуманитарна помош се превртел врз толпа што чекала помош во Газа рано утрово.

Палестинската државна новинска агенција WAFA соопшти дека несреќата се случила откако израелската армија го принудила камионот да тргне по небезбеден пат. Агенцијата не ја прецизираше точната локација на несреќата.

Медиумската канцеларија на владата во Газа ја обвини израелската војска за „инженерство на хаос и глад“ со тоа што намерно не успеала да обезбеди конвои со помош и ги принудила да користат претходно бомбардирани и непоправени патишта „преполни со гладни цивили“.

Израелскиот систем за дистрибуција на помош е широко критикуван како „стапица на смртта“ за гладните цивили.

Текстот Камион со храна се преврте во Газа врз луѓе, најмалку 20 мртви е превземен од МАКФАКС.