Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба со која се воведуваат повисоки царини за десетици земји низ целиот свет со цел реструктуирање на глобалната трговија во корист на американските работници, објави Белата куќа.
Новите царини се движат од 10 до 41 процент, со највисока царина за Сирија. Европската унија, Јапонија, Јужна Кореја, но и Македонија ќе бидат предмет на царини од 15 проценти. Србија ќе се соочи со царини од 35 проценти, а Босна и Херцеговина од 30 проценти.
Белата куќа во документот наведе дека целта на царините е „реструктуирање на глобалната трговија во корист на американските работници“ и ќе стапат на сила на 7 август, а не на 1 август како што беше најавено. Тарифите за канадските стоки се зголемуваат од 25 на 35 проценти, но ќе стапат на сила од петок.
Full List of US Reciprocal Tariffs by Country (Effective Aug 1) Trump’s new Executive Order enforces country-specific tariff hikes citing trade imbalance & national security. Here’s what each nation faces
—
Afghanistan – 15%
Algeria – 30%
Angola – 15%
… — Depin Bhat (@DepinBhat) August 1, 2025
„Како одговор на континуираната неактивност и одмазда на Канада, претседателот Трамп сметаше дека е потребно да ја зголеми тарифата за Канада од 25 на 35 проценти со цел ефикасно да се справи со постојната вонредна состојба“, соопшти Белата куќа, велејќи дека Канада не соработувала во борбата против фентанилот и другите нелегални дроги.
Канадските производи опфатени со трговскиот договор меѓу САД, Мексико и Канада се ослободени од тарифи. Канадскиот премиер Марк Карни изјави во јуни дека доколку не се постигне договор до почетокот на август, Канада веројатно ќе возврати со дополнителни тарифи за извозот на американски челик и алуминиум.
Повисоките тарифи за канадските стоки се во остра спротивност со одлуката на Трамп да го одложи зголемувањето на тарифите на Мексико за 90 дена за да се овозможи повеќе време за преговори за поширок трговски договор.
Кина, од друга страна, има рок до 12 август да постигне долгорочен договор со администрацијата на Трамп, откако Пекинг и Вашингтон постигнаа првични договори во мај и јуни за прекин на зголемувањето на меѓусебните тарифи и укинување на забраната за увоз на ретки земни метали.
Текстот Трамп ја објави листата на нови царини е превземен од МАКФАКС.