Во силните дождови во источната кинеска провинција Шандонг смртно настрадаа две лица, а 10 се водат како исчезнати откако во пет часа наврна дожд колку што паѓа во половина година. Беше поплавен округот Лаиву во градот Џинан, соопштија локалните власти.

Во областа е регистриран максимален број на врнежи од дожд од 364 милиметри кој паѓаше од вторник на полноќ до 5 часот наутро по локално време, што е половина од просечните годишни врнежи од дожд во Џинан од 733 милиметри.

Ненадејните поплави во близина на планинските села Шивузи и Жуџијају во Џинан сериозно оштетија 19 куќи. Спасувачките операции се во тек и сите напори се насочени кон спасување на исчезнатите, соопштија властите.

Поплавите се дел од поширок модел на екстремни временски услови низ целата земја поради источноазиските монсуни кои предизвикаа нарушувања во втората по големина економија во светот. Јужните региони беа исто така преплавени од обилни дождови откако тајфунот Вифа го погоди Хонг Конг во неделата.

Екстремните дождови и силните поплави, кои метеоролозите ги поврзуваат со климатските промени, се сè поопасни бидејќи се закануваат да ги надминат застарените одбранбени системи за поплави, да раселат милиони луѓе и да предизвикаат хаос во земјоделскиот сектор вреден 2,8 билиони долари.

Фото: принтскрин

Текстот (Видео) Катастрофални поплави во Кина: има загинати, потрагата по исчезнатите е во тек е превземен од МАКФАКС.