Денеска во 02.06 часот на улицата „Македонска фаланга“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 67-годишниот П.Д. со престој во село Жабени, битолско.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мицубиши“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Д. и е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,66 промили алкохол во крвта.
Исто така, вчера, во 20.30 часот во село Јанковец, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода 51-годишниот М.М. од Битола.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат“ без регистарски ознаки, управувано од М.М. и кај него е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,14 промили алкохол во крвта.
Лицата веднаш се исклучени од сообраќај и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични пријави по чл.297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило”.
Текстот Уапсени мажи од Битола и Ресенско, возеле под дејство на алкохол е превземен од МАКФАКС.