Најмалку 19 лица се повредени, меѓу кои и едно дете, кога за време на традиционалниот огномет на фестивалот Рајнкирмис во Дизелдорф, едно пиротехничко средство експлодирало во публиката, соопштија локалните власти.
Четири лица се здобиле со тешки повреди, а најверојатно се работи за изгореници, пишува Билд.
Несреќата се случила синоќа, кога ракетата од огнометот „скршнала од патеката“ и експлодирала низокo над земја.
Еден од организаторите на фестивалот изјавил дека можно е да се превртела лансирната рампа, предизвикувајќи насочување на ракетите кон публиката.
Во моментот на експлозијата, на местото на настанот веќе биле присутни припадници на противпожарната служба, итната помош и полицијата, кои веднаш реагирале.
Саемот бил брзо затворен, а организаторите најавија дека ќе разгледаат дали огнометот ќе остане дел од фестивалската програма во иднина.
Полицијата спроведува истрага за причините на несреќата.
Текстот Огномет на фестивал во Дизелдорф експлодирал во публиката – 19 повредени е превземен од МАКФАКС.