Впечатлива сцена од оган, чад и блескава лава беше снимена денес во југозападен Исланд, каде што еруптираше вулкан на полуостровот Рејкјанес. Според Исландската метеоролошка служба, ова е деветтата ерупција во регионот од крајот на 2023 година.

Фотографиите објавени од исландското Министерство за јавна безбедност покажуваат лава и чад како се издигаат од пукнатина во близина на Гриндавик, рибарско село кое во последните месеци постојано е изложено на вулканска активност.

Државната телевизија RUV објави дека жителите на Гриндавик се евакуирани, како и гостите и персоналот од Сината лагуна, една од најпознатите туристички дестинации во Исланд.

Евакуациите беа спроведени како претпазливост поради можно ширење на лава и токсични гасови.

Властите предупредија дека условите околу вулканот се опасни и дека се можни понатамошни ерупции. Нема извештаи за повредени.

Текстот (Видео) Еруптираше вулкан во Исланд, евакуирана е позната туристичка дестинација е превземен од МАКФАКС.