Времето денес, сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Попладне во планинските региони ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена блачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој во делови од котлината повремено ќе засилува.

Утре ќе се задржи многу топло време, а во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, во петок времето ќе биде малку посвежо, а во деновите потоа температурата повторно ќе биде во пораст.