Вчера во 17.21 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Демир Хисар, пред крстосница за село Драгарино, битолско, патничко возило „фолксваген поло“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот А.Ѓ. од село Загориче, демирхисарско, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата од здобиените повреди, возачот А.Ѓ. починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Извршен е увид од jавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

Текстот Загина маж од Демирхисарско: со возило излетал надвор од патот е превземен од МАКФАКС.