Пишува: Ивон Величковски
Брисел 2025 не е „Букурешт 2008“, а глумејќи жртва – Мицкоски ги жртвува интересите на македонскиот народ и нацијата на Северна Македонија. Усогласувајќи се со неговата нарација, Филипче станува соучесник во процесот.
Оттука, опозицијата е на потег, не власта во триаголникот „Илинденска 2“ – „Вила Водно“ – „Бела палата и подружницата на Бихаќка“.
Европскиот парламент го понуди „модерниот“ предзнак за македонскиот јазик и идентитет идентификувајќи ја играта на двете партии за „реантиквизација“ на Македонците и потпикнување на саботажата во дворот на Брисел. Неа Скопје врзано во „српскиот свет“ на Белград требаше да ја направи атакувајќи врз Преговарачката рамка, Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија и особено врз Преспанскиот договор.
Во тој момент предупредив(ме) дека „Модерниот“ го враќа Извештајот во форма на понуда кон Мицкоски како „излезно решение да премине од предизборна реторика на владина политика“.
Одбивајќи ја понудата Мицкоски фактички призна дека барајќи многувековен, цели на антички македонски идентитет и јазик на македонскиот народ.
Подредувајќи ја својата партија на реториката на ВМРО-ДПМНЕ, Филипче избра да го следи овој обид за нов тежок удар врз словенскиот карактер на македонскиот народ и јазик и, со тоа, на идентитетот на македонскиот народ – за да не заостанува зад Мицкоски. Се натаму е излишно да се коментира.
Сега преостанува да се гледа обидот на двете партии од заедничката власт споена низ скопско-југословенската олигархија и нејзините медиуми и нво-и да ги реплицираат 2008-09 адекватно на изборната динамика од 2025-06:
– Скопје да влезе во „резигнација“ и „навреденост“ од Европа и соседите и да глуми европски реформи по „југословенски модел“: менување на формата – задржување на суштината на отуѓената власт од народот и нацијата, држејќи се вон ЕУ,
– ВМРО-ДПМНЕ да ја „капитализира“ својата „непоколебливост“ на локалните избори,
– СДСМ да се согласи со сопствената маргинализација, по цена на супституирање од Левица,
– ВЛЕН да остане зависен од Мицкоски ронејќи го и онака намалениот рејтинг пред сопствениот електорат,
– ДУИ да изрази посветеност на евроинтегративниот процес и веќе на локалните избори и да покаже зошто е „камен во чевлите“ на трите горенаведени партии.
А потоа нема да биде изненадување изборните резултати да предизвикаат предвремени избори, по кои сите ќе мора да се вратат на основните проблеми во Извештајот за кои сега скоро сите молчат:
– Означувањето на владини функционери како одработувачи на вбројувањето на Северна Македонија во проектираниот „српски свет“, за екстензија на „рускиот“ и тло за кинеското влијание,
– Потенцирањето на корупцијата и системските слабости што таа ги предизвикува,
– Фактичката (само)изолација во која е навлезена власта во оска со Будимпешта, Бања Лука и Белград, која го произведува
– Целното прекинување на суштинска и продуктивна комуникација со соседите-сојузници во НАТО, за исклучување на Северна Македонија од ЕУ-пристапниот бран (во кој треба да биде заедно со Албанија и Црна Гора).
При ваква предвидливост до степен на очигледност, вистинската опозиција посветена на европското интегрирање на Северна Македонија ќе цели кон претставувањето на припадниците на македонскиот и сите народи во земјата кои не се во клиентелистичка зависност од подружниците на СНС и СПС во „Белата палата“ и „Бихаќка“ или во вазалска партиско-владина подреденост кон нив.
И да, таа мора да биде втемелена на нетрадиционални партнерства.
Но, веќе ништо и не може да биде како до сега.
Тоа најдобро го покажа Извештајот на ЕП, кој ја предизвика нервозната реакција на Мицкоски и неговите сателити во парламентарната опозиција – бидејќи за прв пат во целост ги отвори прашањата на:
– водењето на Северна Македонија во „српскиот свет“ од сопствените партии и власти (на Македонците) и
– досиејата на југословенските тајни служби.
Затоа, сега ВМРО-ДПМНЕ мора да држи впечаток дека и се спротивставува на ЕУ и нејзините членки во соседството, додека Владата ја моли истата ЕУ за помош за се – од справување со пожари, преку лечење на повредените во кочански „Пулс“ до финансирање на суштински инфраструктурни проекти.
Но фактот што Извештајот практично помина со двотретинско мнозинство во ЕП – покажа дека тоа во Брисел никого не интересира и дека играта на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е прочитана во Европа.
Сега сме на ред ние – Македонците – да се определиме дали сакаме да се жртвуваме за туѓа агенда што ни ја сервираат отуѓени политичари од сопствениот народ и сопствената нација.