Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека партнерските компании „Фајзер“ и „Бајонтек“ ќе испорачаат дополнителни 75 милиони дози на ЕУ вакцина во вториот квартал на 2021 година.

„Вкупно до 600 милиони дози ќе бидат испорачани во текот на 2021 година“, напиша фон дер Лајан на Твитер.

– Advertisement –

Претседателката на ЕК исто така објави дека е договорено и „Астра Зенека“ во првиот квартал од 2021 година да ѝ достави дополнителни девет милиони дози на ЕУ.

Прикажи повеќе