Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, преку објава на својот Фејсбук профил ја истакна подготвеноста на Бугарија да помогне на Република Северна Македонија во справувањето со пожарите што го зафатија регионот на Крива Паланка, јавува Трибуна.
„Политичкото не смее и нема да надвладее над човечкото“, напиша Георгиев.
Тој информира дека властите во Северна Македонија побарале помош при гаснењето на пожарите, а Бугарија реагирала веднаш. По наредба на премиерот Желјазков, бугарски пожарникарски екипи и техничка опрема се веќе на терен и активно учествуваат во борбата со огнената стихија.
Објавата на министерот Георгиев ја нагласува важноста на солидарноста и човечноста меѓу соседите, особено во моменти на природни катастрофи.