Густ црн чад утрово се крева над Визбегово, а жителите од околните места јавуваат и дека се слуша и пукање. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека се појавил нов пожар во близина на скопско Визбегово.

„Испратени се екипи и пожарот веќе се гасне. Имаме првично известување дека се работи за голем пожар“, вели портпаролката на ЦУК, Надица В’чкова.

Повеќе информации за овој пожар најави во текот на денот.

Текстот Пожар во близина на Визбегово: се крева густ црн час и се слуша пукање е превземен од МАКФАКС.