Неколку земјотреси се регистрирани во Турција утрово. Првиот земјотрес бил во 5:46 часот со јачина од 4,8 степени, на длабочина од 10 километри. Следувале потоа уште два земјотреси за само неколку минути. Најмногу се почувствувал вториот земјотрес кој бил минута подоцна, на длабочина од 1 километар, со ист интензитет од 4,8 степени. Третиот бил во 6:00 часот на длабочина од 16 километри, со слична јачина.
Серија земјотреси се почувствувале и во Грција, а најсилниот бил со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала, а бил регистриран утрово околу осум часот по локално време. Минута подоцна се случил уште еден земјотрес со јачина од 4,8 степени.
Нема информации за штети.