Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, денеска го реализираше финалниот инспекциски надзор на новоизградениот објект на детската градинка „Бамби“, која претставува составен дел на детската установа „Фидани“ и ја претставува градинката со најголем капацитет на територијата на цела држава, информираат од Општината.

„Објектот е целосно опремен со современ инвентар и модерен ентериер, во целосна согласност со највисоките стандарди за предучилишни установи. Со капацитет од 350 деца и 22 функционални занимални, овој нов институционален објект обезбедува оптимални услови за ран детски развој, безбедност и благосостојба“, се наведува во соопштението.

Од Општината најавија дека по завршувањето на градежните активности и внатрешното уредување, во наредните денови се очекува да се организира и свеченото отворање на објектот, додека паралелно ќе се финализираат и последните естетски детали кои ќе ја збогатат надворешната и внатрешната визура на градинката.

Текстот (Фото) Подготвена за отворање најголемата градинка во државата „Бамби“ во Чаир е превземен од МАКФАКС.