Полицијата поднесе кривична пријава за двајца кавадарчани, набавиле амфетамин во Скопје за да го продаваат во Кавадарци.

Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против С.С.(39) и Т.А.(38), двајцата од Кавадарци, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Според документираните сознанија, пријавените на 03.06. годинава од непознато лице во Скопје набавиле 185,4 грама „амфетамин“, наменета за продажба. При транспорт, со патничко моторно возило „Форд“, со кавадаречки регистарски таблички, управувано од Т.А. (а С.С. бил сопатник) на подрачјето на општина Росоман, биле сопрени од полициски службеници кои што дале знак за запирање на патничко возило.

Меѓутоа тие не застанале, а С.С. ја фрлил од возилото наркотичната дрога. Меѓутоа набргу биле запрени и при преглед, кај С.С. била пронајдена 1.18 грама опојна дрога „амфетамин”.

По преземени оперативни мерки и активности фрлената дрога е пронајдена и одземена.

Текстот Дилери од Кавадарци со возило бегале од полицијата, дрогата ја фрлиле преку прозорец е превземен од МАКФАКС.