Познатите личности веќе почнаа да го враќаат сјајот на еден стар летен тренд за убавина кој беше популарен на почетокот на 2000-тите: светките за тело.

Мајли Сајрус и Дуа Липа веќе го прифатија овој тренд, некогаш промовиран од Бритни Спирс и Кристина Агилера, а Ријана исто така вклучи лосион за тело со светки во новата колекција на својот бренд.

Сигурно барем еднаш сте се намачкале со овој лосион и сте уживале во гламурот за време на состанок, па затоа добро знаете за што зборуваме. Значи, ова лето имате можност повторно да го користите и да бидете во тренд, а покрај светките за тело, тука се и некогаш популарните светки за коса.

Светкавите се вратија на друг начин, продавниците веќе се преплавени со светкави парчиња облека во форма на мини здолништа, фустани, шорцеви, кошули и панталони, а на улица можете да видите дека трендот повторно заживеа.

Доколку сакате да бидете забележани уште повеќе и да се чувствувате гламурозно додека шетате по улица или излегувате навечер, тука се и чевлите со светки, но и додатоци за одење на плажа.

Значи, ако сакате да блеснете и да привлечете внимание, слободно – светките се задолжителни ова лето!

Текстот Стар тренд повторно е летен хит: Мајли Сајрус и Дуа Липа веќе го обожаваат е превземен од МАКФАКС.